Поранешниот спортски директор на Шкупи, Омер Буњаку ќе биде именуван за нов спортски директор на албанскиот суперлигаш Тирана.
Буњаку повеќе од успешно го водеше спортскиот дел на Шкупи се до 2022 година, кога клубот ги оствари и најголемите успеси во својата историја, доаѓајќи и до шампионската титула во Македонија.
Потоа продолжи како спортски директор на косовскиот прволигаш Балкани, а сега го прифаќа предизвикот да го води и амбициозниот албански тим Тирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

