Омерагиќ со два гола за три минути донесе пресврт за Вардар во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

И покрај целосната доминација и многуте шанси во првиот дел, сепак на стартот од вториот Македонија ЃП стигна до шокантно водство над Вардар на мечот во Ѓорче Петров.

Се играше 53. минута кога Адем испрати одлична топка до Еступијан кој го совлада Ќосевски.

Сепак, девет минути подоцна, конечно, иницијативата на Вардар даде плод. Кастењада од десната страна асистираше до Омерагиќ, кој од прва го совлада Јанков и го израмни резултот.

Во 66. минута по акцијаод десната страна, Омерагиќ со уште еден гол донесе пресврт за „црвено-црните“,  и ги врати работите на место.

Се вчитува...