Омерагиќ гостин и на Вардар во Анталија

Првиот човек на Фудбалскатa Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, се наоѓа во Анталија, каде е во посета на македонските клубови кои во овој дел од Турција се подготвуваат за вториот дел од сезоната.

Откако претходно беше во посета на Тиквеш, Омерагиќ вечерва беше гостин и на лидерот на прволигашката табела, тимот на Вардар.

Тој оствари средба со раководството на клубот, како и со тренерот Гоце Седлоски, кој воедно беше избран од Омерагиќ и неговите соработници за нов селектор на Македонија и ќе ја води нашата национална селекција на претстојниот бараж со Данска.

Се вчитува...