Масар Омерагиќ се очекува на 22. декември на Вонредното Изборно собрание на ФФМ и официјално, согласно актуелните најави, да ја преземе претседателската функција во Фудбалската федерација на Македонија, како почеток на нова етапа во македонскиот фудбал пред кој од 2025 година се и тоа како нови предизвици.
Не е никаква тајна дека и поранешниот капитен на националниот тим Горан Пандев веќе извесен период дава континуирана поддршка за кандидатурата на Омерагиќ, и самиот најавувајќи свое учество во идните структури на федерацијата.
И двајцата и денеска, според објавата на Пандев, имаа средба во насока на подготовка на идното заедничко функционирање.
„Минато, сегашност, иднина…“ – напиша Пандев на објавата на социјалните мрежи со фотографијата со Масар Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА