Омерагиќ им посака среќа на македонските клубови во европските купови

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им посака среќа на македонските клубови кои летово ќе го претставуваат нашиот фудбал во европските купови.

Шкендија вечерва го почнува својот европски настап, во наредните денови тоа ќе го сторат и Вардар, Работнички и Силекс, а првиот човек на „куќата на фудбалот“ изрази надеж за позитивни резултати на македонските клубови на европската сцена.

„Време е за европски предизвици! ✨ Од мое лично и од име на Фудбалската федерација на Македонија им посакувам многу среќа и успех на македонските клубови, Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички во натпреварите од Европските купови на УЕФА’, порача Масар Омерагиќ.

Се вчитува...