Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во интервју за Македонската Телевизија говореше на најразлични фудбалски теми.
Меѓу другото, Омерагиќ обелодени дека на состанокот со челниците на европскиот фудбал добил список од имиња кои се под сомнеж за сомнителни натпревари во мак-фудбалот.
„Имаме добиено допис од одделот за интегритет на УЕФА во кој се посочени одредени личности, со име и презиме, за кои што постои сомнение, што не значи дека е тоа така, но се посочени дека на одредени натпревари имаат преземено дејствија кои се сомнителни.
Во соработка со УЕФА тоа ќе го спроведеме до крај. Доколку тие се чувствуваат загрозено поради тоа и мислам дека со напади и разни инсинуации врз нас ќе не предомислат на тој пат, тогаш нивното размислување е тотално погрешно. Натпревари, клубови и имиња. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме”, изјави Омерагиќ за МТВ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

