Омерагиќ именуван за член на „Хет-трик“ комисијата на УЕФА

Претседатлеот на ФФМ, Масар Омерагиќ, е именуван за член на „Хет-трик“ комисијата од страна на европската фудбалска федерација УЕФА.

Станува збор за едно од најважните тела, кое одлучува за инфраструктурни проекти и едукативни програми за националните асоцијации.

„Благодарност до претседателот Александар Чеферин и до Извршниот комитет на УЕФА за довербата. Во важен период за македонскиот фудбал, со посветеност ќе се трудам да го претставувам во комисијата одговорна за инфраструктурни проекти и да влијаам на бројни процеси и активности поврзани со работата на националните асоцијации“, напиша Омерагиќ на социјалните мрежи.

Се вчитува...