Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска имаше официјална средба со претседателот ФИФА, Џани Инфантино, во рамките на Самитот на ФИФА кој се одржува во Мајами.
На Самитот на највисоката светска фудбалска федерација, кој се одржува паралелно и со Светското клупско првенство во САД, првиот човек на македонскиот фудбал имаше разговор со Инфантино, меѓу другото, и за идните планови за развој на македонската фудбалска игра и поддршката од ФИФА.
Според информациите од САД, Омерагиќ искажа благодарност до ФИФА и претседателот Инфантино за континуираната поддршка која ја има ФФМ од светската организација, притоа испраќајќи и покана за посета на првиот човек на ФИФА на Македонија во блиска иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

