Омерагиќ: Нема никаква причина фудбалската академија да продолжи да функционира

Масар Омерагиќ доби едногласна доверба со акламација да го води македонскиот фудбал во следните четири години на денешното редовно собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

По собранието отворено говореше за медиумите нагласувајќи дека по комептирање на измените сега следи напорна работа и реформи за подобро утре на македонскиот фудбал.

„Согласно со промените на статутот кои беа ускладени со УЕФА и ФИФА денеска ги направивме измените. Сега не очекува напорна работа, тргнуваме со реформи, одиме со структурана реогранизација на сите ниво и утврдување на легитимитетот на сите општински фудбалски сојузи и сите клубови во општинските фудбалски лиги“, изјави Омерагиќ.

Целиот фокус на раководството на ФФМ ќе биде ставено на инветициите за терени за игра и тренинг со цел развој на спортот, а останатата инфрастркутра како трибини и нов стадион ќе биде разгледана во иднина.

„Приоритет ќе биде инвестирање во терен. За трибини и таква пасивна инфрастркутура која нема никакво влијание за развојот на фудбалот повеќе нема да има инвестиции. Тоа не ни е во план. Ќе бидеме фокусирани на реновирање на терените, особено на тимовите од Првата и Втората лига за да имаме услови за игра кои што се потребни. Тогаш може да се игра квалитетно и да ни ги врати навивачите на терените. Фокус ќе ни бидат терените за натпревари и тренинг“

„Нов национален стадион е покрупно прашање и голем финансиски потфат со десетици милиони евра и тоа не можеме да го направиме без еден договор во тоа како ќе биде финансирано. Тоа е во моментот нешто што не сме го разгледале, но не значи дека во иднина ќе има и таква опција“, вели претседателот на ФФМ.

Омерагиќ најави и затварање на фудбалската академија која не функционира онака како што беше замислена и има бројни недостатоци.

„Состојбата во фудбалската акедмија е иста. Апсолутно не гледам никаква нормална причина за таа академија да продолжи со работа во ваков формат. Сега кога имаме легитимитет со нов мандат од четири години ќе донесме одлука што и како со таа акдемија. Ако мене ме прашате тие деца наводно тренираат фудбал, но не играат натпревари. Немаат натпреварувачки формат туку само тренираат. Тоа не е поента на тренирањето фудбал. Фудбалер се станува на натпревари.

Исто така има доста сегменти кои не се компактибилни. Пробиен е буџетот, има многу недостатоци, но сега ќе седнеме на маса и брзо ќе донесеме одлука. Најверојатно ќе предложам затварање на академијата. На овие деца сега многу подобри би им дошло да се во фамилија и да се развиваат како личности, а во клубови, нормално доколку имаат квалитет ќе можат да се докажат“, изјави Омерагиќ.

Се вчитува...