Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ оствари средба со поранешниот селектор на женската репрезентација на САД, и сегашен тренер на Канзас, Влатко Андоновски.
„ Драга средба со Влатко Андоновски, поранешниот селектор на женскиот национален тим на САД и тренер во Канзас. Секогаш е убаво кога со наши успешни луѓе споделуваме размислувања за играта што нè направи тоа што сме. Се надевам следната средба ќе биде во „неговиот“ Канзас, каде фудбалот ќе звучи малку поинаку, ама ќе го чувствуваме исто. СП 2026, продолжуваме, веруваме“, напиша Омерагиќ на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

