Омерагиќ: За сите беше шок приведувањето на Дени Масев

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во интервју за ТВ21 зборуваше и за случувањата околу Данчо Масев, доскорашниот директор на А репрезентацијата на Македонија.

Масев, кој беше директор на репрезентацијата, па поднесе оставка, за повторно да биде вратен на функцијата од новото раководство на Федерацијата. Меѓутоа пред неколку дена стигна информација дека екс репрезентативецот е приведен поради вмешаност со криминални активности.

„Дени Масев е разрешен од функцијата директор веднаш по приведувањето. Навистина сум лично шокиран од информациите дека е приведен. Јас Масев го познавам одамна, од неговата 19-годишна возраст. Четири години беше директор во репрезентацијата, и сите сме шокирани и изненадени. Станува збор за работи кои немаат врска со фудбалот, и ние како Федерација понатаму немаме што да коментираме околу овој случај. Масев не е повеќе директор на репрезентацијата“, рече Омерагиќ.

ВИДЕО И ФОТО: ТВ21

Се вчитува...