Во Сараево, Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.
Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Дрилон Ганиу.
„Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања.
Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето итн.
Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал”, рече Омерагиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

