Претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ испрати порака за поддршка до Бошко Ѓуровски кој утрово во Белград колабираше на комеморацијата на починатиот поранешен фудбалер на Црвена звезда Дејан Миловановиќ.
Откако беше на бината на која говореше за Миловановиќ на Ѓуровски му се слоши и буквално падна на подот.
Со поддршка веднаш излезе првиот човек на Куќата на фудбалот Масар Омерагиќ кој на својот инстаграм профил напиша:
„Ти можеш Бошко, ти праќаме поддршка“, напиша Омерагиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

