Омерагиќ: Собранието е наша заедничка одговорност за создавање на поголеми успеси во мак-фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржува редовно изборно собрание на кое Масар Омерагиќ ќе добие доверба од делегатите за продолжување на мандатот за прв човек на Куќата на фудбалот.

Во своето обраќање Омерагиќ ги поздрави присутните пред почетокот на собранието…

„Ми претставува чест и привилегија да ве поздравам. Ова не е формален собир туку клучен момент за сите нас кога заедно го трасираме патот на мак-фудбалот. Сакам на сите да ви се заблагодарам за вашата посветеност и континуирана работа. Посебна благодарност до нашите партнери и пријатели од ФИФА и УЕФА кои ни помагаат да го унапредиме фудбалот и спортот во Македонија. Изминатиот период се соочивме со многу предизвици, но последните три месеци ја покажаа енергијата која ја имаме и се додека сум јас тука ќе ја барам истата енергија. Денеска стоиме пред нови можности да го унапредиме фудбалот на сите нивоа и да создадем услови за уште поголеми успеси. Ова собрание е наша заедничка одговорност и секој од нас има своја улога во иднината на мак-фудбалот. Со визија и упорност можеме да ги оствариме нашите цели. Да продолжиме заедно за успешен македонски фудбал“, изјави Омерагиќ. 

Се вчитува...