Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, заедно со претседателот на ОФС Битола, Златко Талевски, во Битола оствари работна средба и состанок со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Целта на посетата беше увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, како дел од подготовките за квалификацискиот натпревар на репрезентациите на Македонија и Италија до 21 година, закажан за 9. септември во Битола.
Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на исполнување на сите технички и инфраструктурни критериуми, согласно утврдени стандарди, со цел стадионот во Битола да добие лиценца за организација на УЕФА меѓународни натпревари.
Претседателот Масар Омерагиќ со градоначалникот Тони Коњановски, разговараа за заедничка координација и обврските на општината и ФФМ во подготовките.
„Ќе направиме се што е потребно стадионот во Битола да ги исполни сите критериуми и да добие УЕФА лиценца. Целта ни е Битола да биде подготвена и достојно претставена како домаќин на меѓународни натпревари на македонските репрезентации“ – истакна претседателот Омерагиќ за време на посетата на Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

