Омерагиќ во седиштето на УЕФА во Нион на состанок на „хет-трик“ програмата

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ денеска во седиштето на европската куќа на фудбалот УЕФА, учествував на состанокот на „хет-трик“ комисијата.

Било разговарано за тековните активности и идните приоритети на „хет-трик“ програмата, една од најважните развојни иницијативи на УЕФА, преку која повеќе од половина од нето приходите од Европските првенства се реинвестираат во развој на фудбалот во националните асоцијации.

„Горди сме што преку програмата, значителна поддршка добива и Фудбалска федерација на Македонија. Со средствата од хет-трик реализираме инфраструктурни и развојни проекти кои создаваат подобри услови за развој на фудбалот и младите фудбалери во Македонија“, рече Омерагиќ.

Се вчитува...