Трансферот на младиот шпански напаѓач Саму Омородиан во Челси пропадна во последен час и покрај тоа што Атлетико Мадрид и премиерлигашот имаа постигнато договор за негов премин на „Стемфорд Бриџ“ во износ од 40 милиони евра.
Омородиан беше во Лондон каде ги помина и медицинските прегледи по што се очекуваше само финалната официјализација до која нема да дојде. Шпанецот нема да го засили Челси, но постои голема можност дека ќе остане во Лондон и во следната сезона ќе настапува за Вест Хем Јунајтед.
„Чекичарите“ ова лето влегоа во нова ера под водство на Хулен Лопетеги, а Омородиан е изборот на шпанскиот стратег за проблематичната напаѓачка позиција.
Вест Хем Јунајтед ова лето направи поголем ремонт на тимот по што стигна до седум нови засилувања во Килман, Самерсвил, Филкруг, Гилерме, Родригез, Фодерингем и Тодибо, а на прагот на премин во источен Лондон е и Арон Ван-Бисака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА