Александер Омот-Килде е победник на спуст трката која денеска се возеше во италијанскиот ски-центар Вал Гардена како дел од Светскиот куп во алпско скијање.
Норвежанецот до победата стигна со време од 2:02.35 минути што беше за 35 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот ветеран, Французинот, Јохан Клари.
Подиумот го надополни Матија Касе од Италија со заостанување од 42 стотинки зад времето на победникот. Водечкиот во генералниот пласман, Марко Одермат заврши на делба на седмата позиција заедно со Тревис Ганонг од САД со заостанување од 92 стотинки зад времето на победникот.
Утре мажите ги чека велеслаломска трка во Алта Бадија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА