Онана: Аморим игра поинаков систем, но сите сме подготвени да се прилагодиме

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана изјави дека играчите треба да работат повеќе и дека нема да имаат проблем да се прилагодат на тактиката на новиот тренер Рубен Аморим.

Минатата недела раководството на Јунајтед го назначи Аморим за нов тренер, кој ќе го преземе тимот на 11 ноември, кога ќе ги заврши обврските во неговиот сегашен клуб Спортинг Лисабон.

Тимот на Јунајтед беше предводен од привремениот тренер Руд ван Нистелрој и на двата претходни натпревари ја искористи формацијата 4-2-3-1 на поранешниот тренер Ерик тен Хаг, кој доби отказ поради лошите резултати.

Аморим во кариерата најмногу ја форсираше формацијата 3-4-3, а со Спортинг го победи Манчестер Сити со 4:1 во Лигата на шампионите.

„Го гледав натпреварот, тие остварија голема победа. Тоа е различен систем, но сите мои соиграчи се прагматични. Мислам дека сите се способни да играат во кој било систем и мислам дека нема да биде проблем. Имаме добри играчи, тие ќе работат повеќе и ќе направат се што треба да се прилагодат на новите услови “, изјави Онана.

Се вчитува...