Онана е минато: Манчестер Јунајтед со сите сили тргнува по Донарума

Рубен Аморим сака во Манчестер Јунајтед и дефинитивно да донесе големо засилување на голманската позиција. Незадоволство има од Андре Онана, кој дојде од Интер, но не ги оправда очекувањата, па сега стручниот штаб сака да доведе големо име на голманската позиција на Олд Трафорд.

ЕСПН објавува дека Јунајтед со сите сили ќе тргне по Џанлуџи Донарума од ПСЖ. Тие веруваат дека може да го убедат Италијанецот со добра плата, но има три проблеми во евентуалниот трансфер.

Првиот е фактот што Манчестер Јунајтед нема да игра во Европа идната сезона, а вториот проблем е што Донарума истакна дека негов приоритет е да остане во ПСЖ. Исто така за Италијанецот има интерес и од Реал Мадрид и Баерн Минхен, но овие два клуба би сакале да го донесат дури идната сезона кога ќе стане слободен агент.

Се вчитува...