Онана го откачи Арсенал, се сели во Франција

Андре Онана дефинитивно нема да се пресели во редовите на Арсенал откако камерунскиот голман јa одби понудата на „топчиите“ и реши кариерата да ја продолжи во Франција. Лион би требало да биде новиот клуб на Онана, откако веќе ги договори условите за петгодишна соработка со овој чувар на мрежата, но останува да се договори уште висината на отштетата со Ајакс.

Камерунецот се уште ја одлежува суспензијата од УЕФА поради позитивниот допинг тест, својот камбек на терените ќе го има дури во ноември, а Онана во меѓувреме го загуби и статусот на прв голман на Ајакс. Холандскиот клуб сега се обидува да го продаде овој чувар на мрежата, но инсистира на отштета од 10 милиони евра што ниту еден од заинтересираните клубови не е подготвен да ја плати.

Првата понуда на Лион изнесувала пет милиони евра, Ајакс ја одбил истата, но кај двата клуба постои оптимизам дека ќе се успее да се најде заеднички јазик за Онана што поскоро да се пресели на „Жерлан“.

Се вчитува...