Конечно! Манчестер Јунајтед дојде до првата победа во Лигата на шампионите. На домашен терен потешко од очекувањата го совлада составот на Копенхаген, кој продолжува со добрите игри во „елитата“, но останува само на еден бод во групата. Данскиот тим промаши и пенал во финишот.
Отпорот на Данците го скрши „отпишаниот“ Хари Мегваер кој во 72. минута погоди со глава по асистенција на Ериксен. Инаку Копенхаген имаше добри шанси, а Онана, конечно, се покажа во вистинско светло и имаше неколку добри одбрани. Неговата највредна беше во 96. минута кога одбрани пенал на противникот, и така Јунајтед дојде до трите бода.
🚨🚨| ANDRE ONANA SAVES THE PENALTY TO GIVE MANCHESTER UNITED THE WIN!!!pic.twitter.com/mMrB2m3uQ6
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) October 24, 2023
Реал Мадрид ја освои и Брага, и така продолжува победнички во Лигата на шампионите. „Кралевите“ се блиску до пласман во следната фаза, откако дојдоа и до третата победа во групната фаза, и девет бодови во групата. Поведе Реал во првиот дел преку Родриго, а Белингем на стартот на вториот дел донесе 0-2 за „кралевите“. Португалскиот тим веднаш се врати со голот на Дјало, но не успеа целосно да направи „кам-бек“.
Арсенал триумфираше на гостувањето во Севилја против истоимениот тим. Мартинели на крајот на првиот дел и Жесус на почетокот на вториот му донесоа водство на „топчиите“ од 0-2, а потоа Гудељ намали во 58. минута.
Важна победа оствари и Реал Сосиедад на гостувањето кај Бенфика. Стрелец на голот беше Мендез во 63. минута. Ленс и ПСВ одиграа меч кој заврши 1:1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА