Андре Онана е замента за Самир Хандановиќ на голот на Интер, потврди добро упатениот Фабрицио Романо. Камерунскиот голман ќе пристигне во Милано без обесштетување во јуни 2022 година по истекување на договорот со Ајакс.
Со тоа ќе биде ставен крај на една ера за „нероаѕурите“ и поранешниот словенски репрезентативец кој следното лето полни 38 години. Хандановиќ е дел од Интер од 2012 година кога за 15 милиони евра пристигна од редовите на Удинезе, а досега одигра 413 натпревари на кои 150 пати ја сочува мрежата недопрена, притоа освојувајќи го трофејот во Серија А претходната сезона.
André Onana will sign his contract as new Inter player in the next weeks [January] – not in December. He’s joining Inter in June 2022 as free agent, never been in doubt 🤝🇨🇲 #Inter
Barcelona are not an option for Onana – he’ll join Inter for 2022/23 season. Here we go confirmed. pic.twitter.com/14WezMsoXL
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 21, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА