Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, на лето би можел да замине и да се пресели во Саудиска Арабија, согласно последните информации од Англија. Од таборот на „Црвените ѓаволи“ не се задоволни од учиникот на Камерунецот откако пристигна од Интер.
Онана продолжи да прави грешки оваа сезона, иако имаше и некои партии каде што запиша спектакуларни интервенции. Но, доколку добие Манчестер сериозна понуда од Саудиска Арабија, тогаш секако ќе се откаже од неговите услуги.
Во исто време веќе се шпекулира за нов голман. Прво име кое се споменува е Лука Шевалие од Лил, кој чини околу 40 милиони евра. Исто така се споменува и голманот на Антверпен, Сент Ламен кој вреди 30 милиони фунти. За него се заинтересирани и Њукасл и Вест Хем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА