Манчестер Јунајтед стигна до втората премиерлигашка победа сезонава триумфирајќи со 0-3 на гостувањето против Саутемптон, со головите што во првото полувреме ги постигнаа Де Лихт и Рашфорд.
Резултатот делува сигурно, но играта во првите триесетина минути воопшто не беше таква, ако се знае дека Саутемптон целосно доминираше на теренот и создаде неколку одлични шанси. Најубавата беше досудениот пенал по стартот на Дало, по кој Арчер не успеа од белата точка да го совлада Андре Онана.
Токму овој блесок на голманот на Јунајтед ги разбуди неговите соиграчи, избраниците на Тен Хаг заиграа далеку подобро и постигнаа два гола. Матијс де Лихт го постигна својот прв гол во дресот на „црвените ѓаволи“ откако со глава биеше по центаршутот на Бруно Фернандез, а на 0-2 зголеми Рашфорд со прекрасен погодок од дваесетина метри.
Саутемптон не успеа да се врати во вториот дел, а исфрустрираните домашни фудбалери останаа и со играч помалку откако капитенот Стивенс заслужено доби директен црвен картон по стартот врз Гарначо.
Токму Гарначо стави точка на победата откако со гол ја круниса мајсторската акција на Касемиро и Дало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА