Онана одбрани пенал, но главниот „виновник“ е младиот Аргентинец (ВИДЕО)

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана во 97. минута одбрани пенал на Копенхаген, но заслуга за тоа има и младиот аргентински фудбалер Алехандро Гарначо.

Манчестер имаше предност со голот на Мегвајер, а потоа Копенхаген доби пенал во последните мигови од мечот. И додека домашните играчи се расправаа со судијата, младиот Аргентинец со копачките копаше по белата точка, сакајќи да стори се за противничките играчи да го промашат пеналот.

На крајот тоа успеа, Џордан Ларсон, инаку син на поранешниот играч на Јунајтед Хенрик Ларсон, сепак, шутираше прецизно, но Онана го прочита и му одбрани.

Погледнете ја реакцијата на Гарначо по досудениот пенал за Копенхаген.

Се вчитува...