Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана се извини за примениот гол од средината на теренот на пријателскиот натпревар против Ленс (3:1). Камерунскиот голман направи грешка и беше совладан од голема далечина.
Тој призна вина за примениот гол и истакна дека ги прифаќа сите критики.
„Секогаш имаме кон што да се стремиме. Мора да се обидеме да подобриме нешто. Јас сум одговорен за голот што го примивме. Горд сум на играта на соиграчите од одбраната. Но, ги прифаќам сите критики, рече голманот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

