Онана пред сензационален „кам-бек“ во Интер!?

Интер би можел да го реши прашањето околу голманската позиција со враќање на Андре Онана. Камерунецот кој сега е дел од Трабзонспор, после три години би можел да направи „кам-бек“ во италијанскиот тим.

Според „Дејли Мејл“, наводно челниците на „нероазурите“ почнале преговори за негов нов ангажман. 29-годишниот голман е член на Манчестер Јунајтед, и во моментов е на позајмица во Трабзонспор.

Онана беше дел од Интер, и со него стигна до финалето во Лигат ана шампионите, а ги освои и Купот и Супер-Купот на Италија. Неговите импресивни настапи го убедија Манчестер Јунајтед да инвестира во него, меѓутоа не се покажа на „Олд Трафорд“.

Од Интер сметаат дека Онана би бил идеална замена за Јан Зомер кој би можел на крајот од сезоната да замине во пензија.

Се вчитува...