Онана пристигна на едногодишна позајмица во Трабзонспор (ФОТО)

Камерунецот Андре Онана и официјално е нов голман на Трабзонспор стана реалност. Онана денеска пристигна во Турција на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед каде беше пречекан како вистинска ѕвезда од бројни навивачи на Трабзонспор.

Камерунскиот голман имаше ограничена минутажа во редовите на „црвените ѓаволи“, па затоа се одлучи да ја прифати понудата од клуб каде ќе добие повеќе шанси за настап.

28-годишниот голман денеска ги финализираше деталите од договорот и се очекува веднаш негов настап за првиот тим на Трабзонспор.

Се вчитува...