Сегашниот голман на Трабзонспор, Андре Онана сака да се врати во Манчестер Јунајтед, и да се бори за своето место во тимот. Камерунецот е на позајмица во турскиот клуб, и по крајот на сезоната треба да се врати на „Олд Трафорд“, каде ќе се одлучува неговата судбина. Но, тој е согласен да се врати во екипата, и да покаже дека местото му е во првиот состав.
Онана дојде во Манчестер Јунајтед во јули 2023 година од Интер, и од тогаш направи неколку големи киксови, со што одлуката на раководството беше сезонава да го испрати на позајмица.
Во моментов добербата меѓу диреците на Манчестер ја има Сене Ламен, кој брани одлично во последно време, и тешко дека Јунајтед ќе се реши на негова смена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

