Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана потврди пред англиските медиуми дека сите играчи во тимот сакаат привремениот тренер Руд ван Нистелрој да остане дел од стручниот штаб на „црвените ѓаволи“ и по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим.
Холанѓанецот синоќа го донесе Манчестер јунајтед до победа од 2-0 против грчкиот ПАОК во Лигата на Европа, но за Ван Нистелрој останува уште дуелот против Лестер овој викенд, по што го отстапува местото на Аморим.
„Ние сите во тимот 100% сакаме останување на Ван Нистелрој. Тој е навистина пријатен човек и многу добар тренер. Среќни сме под негово водство. Сепак, тоа не е нешто за кое ние се прашуваме. Тоа ќе го реши раководството, а ние само треба да го прифатиме“ – вели Онана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА