Онана се „резили“, а навивачите го бараат голманот кого клубот го продаде за „ситно“

Чешкиот голман Матеј Ковар, голманот кој од Манчестер Јунајтед направи трансфер во Баер Леверкузен, е главна тема меѓу навивачите на англискиот тим. Талентираниот голман кој има 23 години, мина цели осум години во академијата на Манчестер, но никогаш не доби вистинска шанса, па се реши да ја побара среќата во друга средина.

Тој замина во Баер Леверкузен за околу 7 милиони евра, а вчера го имаше своето деби во дресот на „фармацевтите“ против Хакен во Лигата на Европа кога неговиот тим славеше со 4-0, а Ковар имаше шест одбрани. Инаку минатата сезона чешкиот голман ја мина на позајмица во Спарта Прага, каде што бранеше импресивно и беше еден од заслужните за титулата.

Го нарекуваат „новиот Нојер“, меѓутоа Манчестер за ситни пари го испушти. А, во меѓувреме го ангажираше Онана за 50 милиони кој се „брука“ со неговите настапи. Особено на дуелот со Баерн Минхен кога прими гол по негова вина, и потоа се извинуваше на соиграчите и навивачите.

Навивачите исто така го коментираат потегот на управата и да се откаже од Де Геа кој имаше исто така киксови, но и феноменални одбрани, нешто што недостасува кај камерунскиот голман на почетокот на сезоната.

Се вчитува...