Голманот на Ајакс, Андре Онака успеа да се избори за намалување на годишната суспензија на казна од девет месеци за користење на допинг. Жалбата до Судот за спортска арбитража во Лозано вроди плид, па голманот ќе се врати на терените во ноември.
Онана од првиот дел тврдеше дека е невин и забранетата супстанца ја има земено случајно, преку лек на неговата сопрруга кога не се чувствувал добро.
Спорната супстана е Феросемид која не дава дополнителни атрибути, но се користи како мамка за сокривања на друга недозволена супстанца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА