Онана стави крај на играњето за Камерун на 26 години

Камерунскиот голман Андре Онана објави дека се повлекува од националниот тим. Иако има само 26 години, голманот на Интер објави репрезентативна пензија, поради случувањата на Мундијалот во Катар.

Онана пред мечот со Србија беше тргнат од репрезентацијата, по несогласувањата со селекторот Ригоберт Сонг, и го напушти кампот на својот национален тим.

Сон му замерувал на Онана за честите излегувања надвор од голманскиот простор, односно начинот на кој се започнува акцијата. Онана наводно не се согласувал со селекторот.

„Секоја приказна, без оглед колку е убава, има крај. Моето репрезентативно поглавје е завршено. Играчите доѓаат и заминуваат, имињата се минливи, но Камерун ми беше пред секој поеиднец. Камерун останува вечен, како и мојата љубов кон националниот тим и луѓето кои ме поддржуваа во тешките моменти“, напиша Онана во писмото кон јавноста.

Се вчитува...