Превземањето на Манчестер Јунјтед од страна на Рубен Аморим се очекува да биде кобно по голманот Андре Онана. Неговите денови на „Олд Трафорд“ се броени, се најавува трансфер во Саудиска Арабија, а веќе се шпекулира и за името на неговиот наследник на голот на „црвените ѓаволи“.
Станува збор за голманот на Наполи, Алекс Мерет чиј договор со неаполитанците истекува на крајот на сезоната и тој би можел без обесштетување да го облече дресот на славниот англиски клуб.
Сепак неговиот премин на „Островот“ нема да биде така лесен бидејќи за „противници“ во желбата за ангажман Манчестер Јунајтед ги има Милан и Интер, како и самиот Наполи од кој се очекува да му понуди побогат договор за продолжување на верноста која трае од 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА