Работнички е во победничка серија и со зголемена самодоверба денеска (15.30 часот) ќе го пречека тимот на Шкендија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот на комплексот на ФФМ.
По триумфот на гости против Струга Трим Лум, фудбалерите на тимот од Дебар Маало се надеваат дека можат да стигнат до успех и против актуелниот шампион Шкендија.
„Подготвени сме за надигрување. Самодовербата на тимот е на максимално ниво и сакаме да ја искористиме добрата форма за да освоиме бодови и на денешниот натпревар. Шкендија е квалитетен тим, но Работнички и во Струга пред три дена покажа дека може рамноправно да се носи и да ги победува и најдобрите. Верувам дека мојата мрежа ќе мирува, и дека ќе успееме да освоиме нови бодови, кои ни се многу важни во борбата за опстанок“, изјави голманот Фабрис Ондоа, кој на последните мечеви брани одлично.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

