Македонскиот одбојкар Никола Ѓоргиев продолжува со извонредни настапи во дресот на Онико, помагајќи му на својот тим да влезе во долга победничка серија во шампионатот на Полска.
Онико денеска му гостуваше на незгодниот тим на Ципрум, но Ѓоргиев и соиграчите одиграа беспрекорен меч триумфирајќи со максимални 0-3 (19-25, 23-25, 28-30). Ова беше петта победа во низа за тимот на Македонецот, со што оваа екипа се искачи на четвртото место на табелата.
За одличниот настап на нашиот ас (15 освоени поени) најдобра потврда е дека тој беше избран за МВП на натпреварот, уште еден доказ дека Ѓоргиев за кратко време се наметна и како лидер во својот нов тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА