Онлајн-петиција: Лазаров да изведе пенал на последниот меч за Македонија на ЕП

Кире Лазаров требаше да го игра своето последно големо натпреварување во репрезентативниот дрес, но повредата го спречи македонскиот ас истовремено да биде и селектор и играч на овој европски шампионат.

На еден од твитер-профилите специјализирани за ракомет на денот на мечот со Данска се појави онлајн-петиција, токму Лазаров да влезе на терен и да изведе пенал, за заокружување на блескавата репрезентативна кариера на големите натпреварувања.

Тоа секако не е возможно бидејќи Лазаров не е дел од протоколот во играчкиот кадар на Македонија за вечерашниот дуел, но самата иницијатива е уште еден доказ за големината на нашиот „бомбардер“ во ракометна Европа.

Се вчитува...