Австрискиот ски-центар Ст.Антон викендов требаше да биде домаќин на најдобрите светски скијачки во брзите дисциплини, но саботната трка во спуст и неделната во супервелеслалом се откажани поради опасност од снежна лавина, објавија од Австриската скијачка федерација.
Големото количество на снег и лошата временска прогноза ги натераа организаторите да преземат вакви мерки заради безбедноста на натпреварувачките, во договор со Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
Од ФИС ја потврдија информацијата со дополна дека интензивно бараат соодветно место за одржување на откажаните трки во спуст и во супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА