Тимовите на Мекларен и на Рено може да не се појавата на патеката „Сузука“ на петочни официјални тренинзи бидејќи постои опасност маслото за моторите да не им пристигне навреме. И двата тима го користат маслото „Кастрол“ за моторите на Рено, но испораката од претставнциите на британската компанија доцни на пат за Јапонија поради тајфун.
Временските неприлики веќе им ги нарушија плановите на британскиот и на францускиот тим кои денеска не ги запалија моторите како што беше предвидено според планот.
Предупредување за опасност од тајфун во наредните денови, има и во областа околу патеката „Сузука“.
Трката за ГН на Јапонија која е 17-та по ред во календарот на Ф1, ќе се вози на 7. октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА