Opel Combo Life влезе во AUTOBEST “Final 6”

Новиот Opel Combo Life, е избран за еден од финалистите на Европскиот “AUTOBEST 2019”. Жирито на престижниот меѓународен избор го објави ова денеска. Жири составено од новинари од 31 европска земја ги тестира новите модели погодни за освојување на посакуваната награда. Победникот го добива признанието “Best Buy Car of Europe 2019 “. Влегувајќи во финалето, флексибилното возило за слободни активности е една од шесте преостанати силни кандидати за титулата. Членовите на жирито ги оценуваат кандидатите во различни категории како што се флексибилност, дизајн и нови технологии заедно со услужната мрежа, достапност на делови и цена.

Петтата генерација на Combo е базирана на целосно нова архитектура, нуди многу простор, многу е разновидна и практична, доаѓа со една или две лизгачки задни врати. Опционално е достапна во стандардна верзија (4,4 метри) или XL верзија (4,75 метри) со пет или седум седишта во двете верзии, и со робустен, типичен дизајн на Opel.

Полн со карактер, вистинско чуди за простор и вистински пријател што ќе го сакаат не само семејствата. Новиот Opel Combo Life нуди да чувствувате добра атмосфера со незаменлив број на ултра-модерни технологии за овој сегмент. Исто така нуди можности да се сместат три детски седишта еден до друго во вториот ред со положба за седење што ја има Isofix детско седиште како стандард.

На ова се додаваат и чистата бесконечна низа на можности за складирање. Модерниот Opel има типично современ Infotainment системи компатибилни со Car Play и Android Auto. Во портфолиото има и штедливи бензински и дизел мотори со сила од 56 kW / 76 КС до 96 kW / 130 КС (потрошувачка на гориво: отворен пат 6,9-4,5 л / 100 км, градски 5,2-3,8 л / 100 км, комбинирано 5,8- 4.1 л / 100 км, 133-108 г/км CO2) кои веќе ги исполнуваат стандардите за емисии на Euro 6d-TEMPи ја имаат вистинската победничка комбинација.

Последниот конкурент на Opel, моделот Combo Life, го следи и се надева дека ќе ја продолжи добрата традиција на Opel. Производителот на автомобили од Риселсхајм славел повеќекратни награди во различни категории на престижни AUTOBEST во последниве години:

  • Во 2007 и 2015 година, Opel Corsa ја освои наградата AUTOBEST, овозможувајќи им на дветегенерации на малиот автомобил да ја понесат на титулата “Best Buy Car of Europe“.
  • Во 2009 година, првата генерација на Opel Insignia го воодушеви жирито со својот стил и ја освои наградата DESIGN BEST.
  • На друго место, Opel Ampera и Opel Ampera-е ја демонстрираа еколошката мобилност со освојување на наградата ЕCОВЕSТ во 2011 година и во 2016.
  • Освен тоа, сегашната генерација на Opel Astra ја освои наградата “SAFETY BEST” за 2015 годиназа своите модерни Intelli Lux LED® матрикс фарови.
  • Мотото на Opel, “Скулптурната уметност ја исполнува германската прецизност” важи и за двeте,за моделите, како и целата компанија според жирито, a Opel бешe награден со COMPANY BEST во 2016 година.

Комерцијален текст

Се вчитува...