Опел продолжува со својата голема офанзива за електрификација. Уште во 2021 година, брендот од Риселхајм ќе понуди вкупно осум електрифицирани возила во важните продажни сегменти.
„Ќе го електрифицираме целото портфолио на производи до 2024 година. Дополнителни модели ќе следат наскоро откако сега почнавме со Corsa-e и Grandland X Hybrid4 годинава“, рече Мајкл Лохшелер, извршниот директор на Opel.
Следната година електричната верзија на Vivaro транспортерот и електричната верзија на наследникот на Мока X ќе бидат додадени во електричната понуда на Opel. Електричните варијанти на Combo и Combo Life заедно со електричната верзија на Zafira Life ќе бидат додадени во 2021 година. Портфолиото на Opel за електрифицирани возила ќе вклучува и електрифицирана верзија на следната генерација на Astra.
„Ова портфолио на производи ќе нè стави во одлична позиција да ги исполниме амбициозните идни цели на емисија во Европа. Електро-мобилноста е неопходна компонента во ова. Но, нашите ултра модерни и ефикасни мотори на внатрешно согорување и истражувањето за горивни ќелии во Центарот со седиште во Риселхајм, исто така, ќе дадат важен придонес за да ја направиме нашата компанија одржлива за во иднината“ – вели Лохшелер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА