Опенда со два гола донесе неверојатна пресврт-победа за Лајпциг во Леверкузен (ВИДЕО)

Лајпциг запиша неверојатна пресврт-победа од 2-3 на гостувањето против Баер Леверкузен во второто коло од Бундеслигата.

Баер имаше водство од 2-0 по 45 минути игра, но потоа следеше целосниот пресврт.

Најпрво во последните секунди од првиот дел Кемпл намали на 2-1, а потоа во второто полувреме Опенда постигна два гола за триумф на Лајпциг од 2-3.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој има и мала повреда, остана само на клупата за резервни фудбалери на натпреварот во Леверкузен.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...