Тенис за уживање, но и фудбалски бизнис за преговарање. Првите луѓе на Реал Мадрид и на Пари Сен Жермен, Флорентино Перез и Насер Ал Келаифи, седеа вчера еден до друг во ВИП ложата на Ролан Гарос. Перез дефинитивно навиваше за Рафаел Надал, кој е голем фан на „кралскиот клуб“, но француските медиуми откриваат дека вистинската причина за оваа дружба се преговорите за Килијан Мбапе.
Младата француска ѕвезда најави можност за заминување ова лето од „Паркот на принцовите“, па иако ПСЖ тоа веднаш го демантираше, средбата на челниците на двата клува кажува нешто сосема друго. Според информациите, Флорентино Перез е решен да направи комплетна револуција во тимот и да му обезбеди на Зинедин Зидан фантастични засилувања за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА