„Операцијата Сала“ продолжува: Може ли да се извлече телото од паднатиот авион?

По снимките кои покажаа тело видливо меѓу остатоците од авионот во кој беше фудбалерот Емилијано Сала, во тек е операција за извлекување. И тоа нема да оди нималку лесно, како што информираат од ААИБ, Одделението за истрага за воздушни несреќи. Направен е детален план како да се извлече телото кое е лоцирано во деловите од авионот кој ги превезуваше Емилијано Сала и пилотот Дабид Иботсон. Тие се наоѓаат на дното од каналот, и тоа многу ја отежнува ситуацијата.

„Се обидуваме да го извлеќеме релото. Ако бидеме успешни, потоа ќе се потрудиме да дојдеме и до остатоците од авионот. Поради силната плима можеме да користиме само возило на далечински управувач, и тоа во ограничен период од денот. Тоа значи и дека напредувањето ќе биде бавно. Без разлика на резултатите, нема да даваме дополнителни информации во јавноста се додека не бидат информирани семејствата“, изјави портпаролот на ААИБ.

 

 

Се вчитува...