Општа тепачка на колеџ натпревар во САД (ВИДЕО)

Немили сцени се случија на колеџ натпреварот во американски фудбал. Второрангираните Охајо Стејт Бакси беа шокирани во саботата кога Мичиген Вулверинс им го нанесе четвртиот последователен пораз во шампионатот. Омаразата е голема бидејќи нивниот судир традиционално е едно од најголемите ривалства во сите спортови. Мичиген на крајот извојува важна победа од 13-10 над Охајо Стејт.

Иако играта беше на раб на нож и полна со жестоки дуели, она што се случи по последниот судиски свиреж беше уште полошо, откако дојде до масовна тепачка на средината на теренот во која учествувале вкупно околу стотина завојувани поединци.

Конфликтот настана затоа што играчите на Мичиген се обиделе да го постават своето знаме на средината на теренот, а Бакси се противеле на тоа, иако тоа е вообичаена прослава.

Грубата реакција на двата тима е само последица на лошата состојба на Охајо Стејт Бакси, како што пренесуваат американските медиуми. Постојат големи шанси тренерот Рајан Деј да биде принуден да поднесе оставка.

Се вчитува...