Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го посети фудбалскиот клуб Шкупи притоа информирајќи го раковдството на клубот дека општината ќе инвестира во помошниот терен на стадионот во Чаир.
Ганиу информираше дека наскоро ќе почнат активностите околу изградбата на помошниот терен на градскиот стадион (десното крило на старата трибина) кој ќе биде со вештачка трева по највисоки европски стандарди.
„Оваа инвестиција несомнено ќе го направи помошниот терен погоден за сите сезони, создавајќи модерни и професионални услови за тренирање на сениорскиот тим, но и на новите генерации на Академијата на ФК Шкупи. Ние како клуб му благодариме на градоначалникот на Чаир, кој на овој начин го поддржува Шкупи, кој навистина не е само фудбалски клуб, туку е симбол на страста и гордоста на секој скопјанец, сон на секој млад човек еден ден да го носи „сино-белиот“ дрес“ – информираат од Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА