Поранешниот македонски шампион, прилепска Победа е во крајно незавидна ситуација веќе подолги години на македонската фудбалска сцена. Така е и пред стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. И покрај најавите за нови инвеститори во клубот, ништо од сето тоа, па на крај повторно општина Прилеп ќе мора да издвојува некои минимални средства за основно функционирање на клубот.
На денешната седница на советот на Општина Прилеп беше донесене одлука за финансиска поддршка на ФК Победа во износ од еден милион денари, чисто како желба за и натамошно какво-такво опстојување на клубот.
Од општината веруваат и се надеваат дека на оваа финансиска поддршка ќе се приклучат и други компании од градот како помош за клубот.
Се уште се очекува старт на подготовките на тимот и екипирање на клубот кого веќе на 23 август го чека дуелот со Новаци во првото коло од Втората македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

