Општинските сојузи од Скопје, Битола, Тетово и Гостивар со целосна поддршка на Масар Омерагиќ, познати и предлозите за членови на УО

Актуелниот период течат Редовните изборни собранија на 26 Општински фудбалски сојузи во Македонија, преку кои се избираат претседатели на општинските организации како и делегати за новиот состав на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија.

Согласно статутот на ФФМ, до Редовното изборно собрание што ќе се одржи во Скопје на 15 март, кога се очекува актуелниот претседател Масар Омерагиќ  да добие полн четиригодишен мандат, а да биде избран и нов Управен одбор, сите 26 Општински фудбалски сојузи мораат да одржат свои редовни изборни собранија, да изберат претседател и нови делегати во Собранието на ФФМ, но и да предложат членови за Управниот одбор на ФФМ.

По одржаното Собрание на ОФС Струга деновиве се одржаа и собранија на општинските фудбалски сојузи од Скопје, Битола, Тетово и Гостивар, на кои беше дадена целосна поддршка на Масар Омерагиќ за избор на претседател на ФФМ.

ТАЛЕВСКИ ОД БИТОЛА, ИСМАИЛИ ОД ГОСТИВАР, ХИСЕНИ ОД ТЕТОВО ПРЕДЛОЖЕНИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА УО НА ФФМ

Познатиот фудбалски работник Реиф Муминовиќ повторно е избран на претседател на ОФС Скопје, покрај него членови на Собранието на ФФМ ќе бидат Драги Митковски, Ејуп Адеми и Александар Баевски, а нивните заменици се: Расим Муминовиќ, Емир Шабани, Сара Рамадани и Васко Дојчиновски. Секретар е Томо Белевски.

Златко Талевски повторно ќе биде претседател на ОФС Битола во наредните четири години, тој ќе биде предложен и за член на Управен одбор. Покрај него во Собранието на ФФМ ќе бидат Златко Ралевски, Јован Стојановски, Благојче Ангелевски и Саше Здравевски. Одредени се и нивните заменици: Васил Бошевски, Марјан Пишлиевски, Љупчо Ралевски, Менде Митревски и Зоран Христовски. Секретар на сојузот е Јован Стојановски.

На изборното собрание на ОФС Гостивар нов четиригодишен мандат за претседател повторно доби Берат Исмаили, кој заедно со Менсур Јакупи и Мерсим Зендели ќе бидат членови на Собранието на ФФМ. Нивни заменици се Алберт Јакупи, Алајдин Асани и Шкумбин Алиу. Воедно, Берат Исмаили ќе биде предложен и за член на Управен одбор. Секретар на сојузот е Алиерџан Хаџи Пази.

Мујдин Исмаили и во наредните четири години ќе биде на чело на ОФС Тетово. Покрај него делегати во Собранието на ФФМ ќе бидат Фатмир Салаи, Јовица Илиевски и Фисник Хисени, кој ќе биде предложен за член на Управен одбор. Заменици се: Сулејман Ибиши, Вулнет  Бесими, Арбен Гафури и Драгољуб Јовановски. Сектретар на сојузот е Фуркан Идризи.

М.М.

Се вчитува...