Оптимистички од Ерменија: Шкендија игра добро во Европа во последните десет години

Во таборот на Шкендија владее оптимизам во пресрет на двомечот од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА во кој поранешниот македонски првак за противник ја има екипата на Ноа од Ерменија.

Првиот меч се игра во Ерменија утре со почеток во 18 часот, а во таборот на тетовци веруваат во успех и пласман во следната рунда.

„Шкендија игра добро во Европа во последните десет години, наша обврска е да одиме на пласман во следната рунда. Ноа направи многу промени во играчкиот кадар, поради што беше тешко да се направи скаутинг и тактичка подготовка за овој натпревар“, изјави тренерот Јетон Беќири на денешната прес-конференција во Ерменија.

„Ја анализиравме екипата на Ноа, верувам дека ги имаме вистинските информации. Ќе излеземе на терен и ќе го прикажеме најдоброто од себе за да стигнеме до посакуваниот резултат“, додаде Енур Тотре.

Се вчитува...